Сонце: Бесконечен и обновлив извор на енергија
Промените во животната средина настанати заради се поголемото користење на фосилни горива како и зголемувањето на цените на електричната енергија резултираа со фактот дека алтернативните извори на енергија добиваат се поголема важност во нашиот секојдневен живот. Еден од најефикасните нови и обновливи извори на енергија е производство на електрична енергија од сончева светлина со користење на Фотонапонски системи .
Фотонапонските системи неопходни за таа функција, во денешно време се со високо ниво на квалитет и гарантираат долготрајно стабилно користење. Воедно на своите корисници им овозможуваат стабилно покривање на сопствените потреби, додека пак вишокот на произведена електрична енергија може да се продава профитабилно. Во поново време фотонапонските централи поврзани на електричната мрежа доагаат до комерцијална исплативост и претставуваат добар и сигурен начин на инвестирање.
Солармак д.о.о.им нуди на своите клиенти компетентни консултации како и професионално планирање на Фотонапонските системи. Ние сме специјализирани за проектирање, продажба, инсталација и одржување на фотоволтаични соларни системи. Одговарајќи на барањата на пазарот, ние ја проширивме нашата услуга во областите на автоматизација и енергетика. Ние сме во состојба да понудиме целосна услуга во согласност со важечките законски прописи, стандарди и деловни правила.. При изборот на производите односно компонентите, ние посветуваме големо внимание како би добиле стабилно и долготрајно работење на фотонапонските системи, воедно способноста за високи перформанси на фотонапонските системи ни е приоритет при дизанирањето.